
Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин ќе имаат одвоени разговори со германскиот канцелар Олаф Шолц, по што ќе следи заедничка средба со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, кој исто така доаѓа во Берлин по покана од германскиот канцелар. Како што претходно беше објавено на веб-страницата на германската влада, Шолц попладне ќе разговара со Курти, а вечер со Вучиќ. Причина за средбите е „натамошниот развој на меѓународниот статус на Србија и Косово „во однос на приближувањето кон ЕУ“. Според најавите од Брисел, во Берлин ќе биде и Мирослав Лајчак.