РЕГИОН

Вучиќ има предуслови за евентуална средба со Курти

Вучиќ има предуслови за евентуална средба со Курти

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека дополнително ќе одлучи дали да оди на средбата со премиерот на Косово, Албин Курти, која ја свика Брисел за следнава недела. Сличен став претходно искажа вчера и Курти пред медиумите во Приштина. Тој најави дека неговиот тим ќе донесен одлука за поканата на Жозеп Борел на почетокот на следнава недела. (Изјава)

Advertisements

„Сметам дека е бесмислено да се разговара со личност која не е подготвена да разговара. Не ми паѓа на памет да одам на состанок додека не се ослободат уапсените Срби. Треба да ги отстранат и другите мерки што ги наложија, како што се запирањето на камионите на граничниот пункт. Тие ги прекршија меѓународните договори, но ниту тие, ниту меѓународната заедница не се загрижени за тоа. Така што, бесмислено е да се зборува додека не се повлечат лажните градоначалници на општините на северот и додека не се повлечат специјалните полициски сили“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button