ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вучиќ: Можеме да бидеме развојна машинерија за овој дел на Европа

Прад нас се голем број можности и ниту една не е лоша за било кого, рече во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје, српскиот претседател, Александар Вучиќ.

„Она што работиме е да покажеме дека минатото го оставаме зад себе, дека гледаме напред, во унапредување на животниот стандард. Ова не е насочено против некого туку кон целта нашите граѓани да живеат подобро. Зошто да чекаме милостина кога самите сме во состојба да направиме највисока стапка на раст. Ако сме во состојба да ги надминеме административните слабости, на 1 јануари 2023 година нема да има граници помеѓу нашите земји. Ги имаме, но за граѓаните ги нема. Од Белград до Тирана никој нема да ве запре“, рече Вучиќ.

Можеме да бидеме развојна и машинерија на раст на овој дел на Европа, додаде тој најавувајќи дека следниот самит ќе се одржи во ноември во Белград.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button