ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рама: Изгубивме премногу време, треба да се фокусираме на соработката

Изгубивме премногу време, изгубивме векови, долго време живеевме задоволувајќи се со страдањето на другите не гледавме што можеме да добиеме од соработката, рече албанскиот премиер, Еди Рама во своите воведни зборови на Економскиот форум за регионална соработка што се одржува во Скопје.

Зошто ние да сме завртени грб со грб додека земјите на ЕУ си имаат свој ритам, свое движење, додаде Рама нагласувајќи дека за Албанија иницијативата за регионална соработка е стратешка и ќе продолжи кон заеднички поставените цели.

„Ако некој каже дека оваа иницијатива е проектирана во екс-југословенските подруми, за да се основа повторно некаква Југославија, или да ѝ се даде хегемонија на Србија, бидејќи е најмоќна, па ќе ни одземе, сѐ, тогаш тој живее во некој паралелен свет. Ова не е ни помалку, ни повеќе, туку формирање на амбиент којшто живее со принципите, вредностите и механизмите на ЕУ и притоа секоја земја си ги води своите напори за пристапување кон ЕУ“, истакна Рама.

Албанскиот премиер порача дека во иницијативата треба да се приклучат и други земји од регионот и да дадат максимум за овој процес и за доброто на своите граѓани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button