РЕГИОН

Вучиќ: не можеме да дозволиме некој да ја шпионира нашата армија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија не е во конфликт со никого, но дека не може да дозволи некој да ги шпионира нејзините вооружени сили. По повод вчерашното соборување на беспилотно летало над воените објекти кај Рашка, Вучиќ изјави дека не е првпат вакво летало да биде забележано над касарната на Вооружените сили на Србија.

Advertisements

„Ги забележавме неколку дена претходно, а потоа ги предупредивме. Овој вид на извидување и незаконско разузнавање претставува еден вид агресија врз суверена земја“, рече Вучиќ.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button