Вучиќ: Не употребивме звучен топ, подготвени сме ЕУ да го провери тоа

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека вчера, време на посетата со највисоките претставници на Европската Унија во Брисел, им рекол оти не бил употребен звучен топ на протестот во Белград на 15 март и дека српските власти се подготвени ЕУ да го провери тоа.
По работната вечера со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Вучиќ рече дека српската влада нема што да крие.
„Им кажав на моите домаќини дека не е употребен звучен топ, дека сме подготвени да го проверат тоа и дека ќе дадеме одговор до Судот во Стразбур без разлика што неговата употреба никаде во Европа не е забранета“, рече Вучиќ.
Рече дека смета оти неговите соговорници во Брисел можеле да видат колку трпение покажале властите во Србија во намерата да го зачуваат целосниот мир, и оти никаде не покажале нервоза и не употребиле сила.
Вучиќ додаде дека е многу задоволен од разговорот со највисоките претставници на ЕУ, изразувајќи уверување дека средбата значела многу за иднината на Србија и дека тоа ќе се види во блиска иднина.