РЕГИОН

Вучиќ очекува тешки преговори со Косово во следните 6 месеци

За српскиот претседател, Алесандар Вучиќ, една од најважните работи со постигнувањето договор со Приштина за состојбите на северот е заминувањето на вооружените припадници на РОСУ од граничниот појас. Тој посочи дека со овој договор, Србија го одбранила правото на слобода на движење и нормален проток на стоки, а мирот е зачуван.

Advertisements

„Веруваме дека ова беше добар показател оти во иднина такви акции на Албанците нема да се случат и не можат да се случат. Враќањето на КФОР, согласно Резолуцијата 1244, покажува дека е можно да се постигнат дополнителни гаранции за безбедноста на српското население на Косово“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател ги повтори точките од договорот коишто ги објави и специјалниот претеник на ЕУ за преговорите меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, оценувајќи дека во следните шест месеци ќе престојат тешки преговори меѓу двете страни.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button