РЕГИОН
Вучиќ разговарал со американскиот амбасадор во Србија Хил за состојбите во регионот

Српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил денеска разговараа за ситуацијата во регионот, особено по минатонеделната рунда дијалог меѓу Белград и Приштина, како и за билатералната соработка. Вучиќ изјави дека Србија сериозно се пристапува кон изнаоѓање решение „за актуелната криза предизвикана од едностраните потези на Приштина“, соопштија од кабинетот на српскиот претседател. Тој, како што се наведува, „на амбасадорот Хил му ги објаснил позициите на Србија што ги застапува во дијалогот со Приштина, учествувајќи во него одговорно и конструктивно“, и додал дека Србите кои живеат на Косово „безусловно бараат“ формирање на Заедница на српските општини.