РЕГИОН

Вучиќ: Се надевам дека новата Влада ќе биде формирана до 15 март

Српскиот претседател Александар Вучиќ во понеделникот изјави дека очекува новата влада на Србија да биде формирана до 15 март.

Advertisements

Во своето обраќање пред новинарите по состанокот Западен Балкан – ЕУ во Скопје, Вучиќ рече дека конститутивната седница на новото свикување на српскиот Парламент може да се очекува од 1 февруари.

„Мораме брзо да реагираме и да донесеме бројни законски норми поврзани со (меѓународната изложба) ЕКСПО и планот што го претставивме пред два дена. Ова е од клучно значење за нас“, рече Вучиќ.

Запрашан за барањата на опозицијата да испрати меѓународна набљудувачка мисија во Србија поради обвинувањата за изборни нерегуларности, Вучиќ повтори дека изборите одржани на 17 декември биле „најчистите и со најмалку поплаки“ од обновувањето на повеќепартискиот систем.

„Србија е суверена земја и ова беа најчистите избори од постоењето на повеќепартискиот систем и со најмалку поплаки. А, што се однесува до подобрувањето на изборниот процес, јас сум секогаш подготвен да разговарам за тоа“, изјави Вучиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button