РЕГИОН
Вучиќ со лотарија ќе стимулира вакцинација во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека бројката на вакцинирани не е доволна и дека ситуацијата со новозаболени за месец и половина ќе биде загрижувачка, особено со почетокот на сезоната на фудбалски и кошаркарски натпревари. Тој притоа најави воведување на лотарија како стимулативна мерка.
„Страшно е неодговорно за некого ако не е вакциниран, благо речено. Да не споменувам колку функционери тоа не го сториле. Утрово, му реков на еден министер да се вакцинира. Изговорите дека некој ја прележал короната и не треба да се вакцинира не значат ништо, тие не се точни“, изјави Вучиќ.