ВЕСТИСПОРТФУДБАЛ

ПСЖ го реши прашањето за летото, се знае што ќе се случи со Мбапе

Талентираниот француски фудбалер, Килијан Мбапе, и следната сезона ќе остане во францускиот вицешампион Пари Сен Жермен и покрај јасната намера на Реал Мадрид да го донесе во своите редови.

Овие сомнежи беа разбиени во интервју за „Л’Екип“ од сопственикот на „Светците“, Насер Ал Келаифи, и со тоа се стави крај на една од потенцијално интересните приказни за овој летен преоден рок.

“Ќе бидам јасен. Килијан Мбапе ќе ја продолжи кариерата во ПСЖ. Никогаш нема да го продадеме или да му дозволиме да го напушти клубот како слободен играч. Тоа е невозможно!”, Јасно потенцираше Ал-Келаифи.

Да потсетиме, договорот на Мбапе со ПСG истекува за нешто повеќе од една година, поточно на 30 јуни 2022 година.

Ова значи дека тој ќе влезе во последната година од договорот многу скоро. Но и покрај неколкумесечните очекувања, тој сè уште не го парафираше продолжувањето на соработката со клубот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button