ВЕСТИРЕГИОН

Вучиќ: Успеав да направам нешто што никому не му успеало

Успеав да направам нешто што никому во Србија не му успеало, јас сум единствениот кој победил двапати во првиот круг, изјави вечерва актуалниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, прогласувајќи победа на изборите, објави nova.rs.

„Проценуваме дека на гласање излегле околу 3 840 000 луѓе, што е најголем број луѓе во последно време. Освен непотребните тензии затоа што некој сакал да направи проблем, во суштина сè поминало во најдобар ред и мир. Претседателските резултати се следни: Здравко Понос доби 17,7 отсто од гласовите, Милош Јовановиќ 5,9, Милица Ѓурѓевиќ 4,5 и Бошко Обрадовиќ 4,4… Јас добив 59,9 отсто“, рече Вучиќ.

Тој дополни дека што се однесува до партијата што ја води, СНС, не се сомнева дека ќе разговара со сите политички фактори бидејќи, како што рече, „нè очекуваат тешки времиња“. Вучиќ ги објави и резултатите на СНС за парламентарните избори.

„Имаме попрецизни податоци од Косово и Метохија, го имаме и најголемиот дел од странство. Списокот „Заедно можеме се“ освои 44 проценти од гласовите, листата „За обединета Србија“ 13,6, листата на Ивица Дачиќ 11,4, Милош Јовановиќ 5,3, „Мораме“ 4,7 и 3,8 „Заветници и Двери“, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button