ВЕСТИСВЕТ

Орбан убедлив победник во Унгарија, опозицијата призна пораз

Премиерот Виктор Орбан прогласи „огромна победа“ пред насобраните симпатизери во Будимпешта, пред конгресниот центар „Бална“.

„Победивме кога сите се обединија против нас. И домашната опозиција и Брисел, и Сорос и либералните медиуми од Запад и украинскиот претседател. Ова е победа што треба да се проучува, толку многу пари се фрлаат на нив! Ние го браневме мирот и безбедноста, националната независност, децата и нашите семејства“, рече Орбан.

Лидерот на унгарската обединета опозиција Петер Марки-Зај го призна поразот на парламентарните избори во неговата земја, гласање на кое долгогодишниот националистички премиер Виктор Орбан забележа убедлива победа. 49 годишниот Марки-Зај обвини дека победата на партијата Фидес на Орбан се должи на нејзината доминација во медиумскиот простор во земјата и нејзината манипулација со државните ресурси.

„Не сакам да го сокријам моето разочарување, мојата тага… Знаевме дека ова ќе биде нерамномерно поле за игра“, им рече Марки-Зај на приврзаниците по објавувањето на прелиминарните резултати од гласањето. „Признаваме дека Фидес доби огромно мнозинство од гласовите. Но, ние сè уште спориме дали овие избори беа демократски и слободни“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button