СВЕТ

Вухан го тестира целото население по повторната појава на ковид-19

Кинескиот град Вухан, каде што кон крајот на 2019 година првпат се појави коронавирусот, повторно ќе ги тестира сите жители откако беа откриени неколку нови случаи, јавија денеска локалните власти.

Во овој град, со 11 милиони жители, вчера беа откриени три нови случаи на ковид-19, откако делта варијантата минатиот месец се појави на истокот од земјата.

Последните случаи на ковид-19 во Вухан беа регистрирани во мај 2020 година.

„Градот почнува итно тестирање на сите жители“, изјави Ли Тао, претставник на градската администрација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button