СПОРТФУДБАЛ

Xрватски талент, Лука Вушковиќ се сели во редовите на Тотенхем

Најголемиот хрватски талент, Лука Вушковиќ се сели во редовите на Тотенхем, за сума околу 11 и 14 милиони евра, што е клупски рекорд на сплитските „били“.

Младиот стопер има само 16 години, но веќе според „Transfermarkt“ вреди шест милиони евра. Тотенхем и Хајдук постигнаа договор, по долгите преговори. Сепак, двата клуба не брзаат бидејќи „петлите“ ќе го остават Вушковиќ како позајмен во Хајдук, додека тој не стане полнолетен.

Своето популарно „Here we go“ го даде и добро упатениот Фабрицио Романо, кој изнесе повеќе детали околу склучениот договор.

Вушковиќ ќе парафира договор со Тотенхем, меѓутоа ќе остане на „Пољуд“ до 2025 година. Со тоа младиот стопер би имал стандардна минутажа и првотимски фудбал, пред да добие шанса во Премиер лигата. Во првиот тим на Хајдук, Вушковиќ запиша 11 настапи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button