МАКЕДОНИЈА

За 12 часа осум пожари на отворено низ Тетовско

Тетовската територијална противпожарна единица во текот на вчерашниот ден во период од 11 до 23 часот интервенираше на осум места за гасење на пожари. Изгаснати беа огнови и пожари на полиња, шумски предели и диви депонии.

-Интервениравме во Горна Лешница, Општина Желино на различни места, потоа во Требош, Палатица, Џепчиште, Непроштено и Слатино. Шумски пожари се во Горна Лешница и Непроштено, додека во Слатино и Џепчиште сува трева. Кај Требош и Палатица се гасеше стрниште додека во близина Петрол Компани сува трева кај овоштарниците.  Пожар имаше и на дива депонија во Непроштено, изјави Ука Алити од тетовската пожарна.

Сите пожари се локализирани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button