ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За 24 часа само три ковид-пациенти хоспитализирани во Скопје

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 249 и има 538 празни болнички кревети, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани три нови пациенти поради компликации од Ковид-19. Вкупно 100 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, а 148 во другиот дел од земјата.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало два примени пациенти и еден бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 35 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 48
пациенти.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button