ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реформи во образованието, СОНК: Не се мешаме сѐ додека не се загрозени правата на работниците

Синдикатот за образование наука и култура (СОНК) е тело коешто ги штити работничките права на наставниците и ако со предлог законот за дигитализација тие права не се загрозени, тогаш СОНК нема надлежност да реагира, рече на денешната прес конференција првиот синдикалец, Јаким Неделков.

„Ние како синдикат, по Статут и по надлежност сме за работниците и нивните права. Тоа значи, ако со реформите се загрозат интересите на работниците тогаш ние реагираме и имаме надлежност. Тука се работи за дигитализација или за реформирање и ако со тоа на ниту еден работник не му се намалени правата, ние немаме за што да реагираме. Немаме надлежност“, рече Неделков додавајќи дека Синдикатот би реагирал во случај наставниот кадар да не ја добие потребната обука и средствата за работа потребни за спроведување на наставата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button