ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За 56% зголемен бројот на нови случаи – најголем дел од регистрираните од Скопје

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 22 до 28 февруари 2021, тестирани се вкупно 20.161 материјал во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 27,2% повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.628 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 56,4% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.675; 46,2%), со неделна инциденца – 271,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 681,1/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (641,4/100.000). Процентот на позитивност се движи од 12,0 до 21,7%, просечно 17,9%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button