ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За да се намалат платите на функционерите треба да се сменат 7 закони

Кога се работеше за зголемување на платите на функционерите до 78% беше доволна одлука на Уставниот суд. Сега кога функционерите се ставени под притисок од јавноста, за да се намалат платите, велат дека мора да се менуваат 7 закони. Работната група се уште ги нема доставено новите предлози до Владата.. За 9 месеци од оваа година, беа издвоени 12 милиони евра за зголемувањето на платите од 78%.

Advertisements

„Работиме, сфативме дека не може со еден закон да се сменат сите 1.260 плати на функционери, затоа мора да се направат измени во 7 закони. На пример, промената на само еден закон би значела повреда на некои права со друг закон кој би бил неуставен. Работната група го разгледува ова од минатата недела, сакаме трајно систематско решение со кое би се укинала досегашната методологија за утврдување на платите и мислам дека многу брзо работната група ќе го достави предлогот до Владата“, рече Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button