РЕГИОН

Курти: Во нацрт статутот за Асоцијацијата, превидено е и признавање на Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека нацртот за Асоцијацијата, претставен од евро-американските претставници на 21 октомври, не е „Заедница“. Курти истакна дека во механизмот за самоуправување, ќе има само координативен и кооперативен карактер без мешање во надлежностите на локалната и централната власт.

„… Според мојата политичка проценка, нацртот има јасност во однос на признавањето на Косово, како независна држава во која Србите ќе живеат во согласност со мултиетничките аспирации на Уставот, и без каква било друга штетна и поткопувачка цел за републиката, за признавањето на суверената држава и нашиот територијален интегритет.“, рече Курти.

Но, лидерот на ДПК, Мемли Красниќи, рече дека со прифаќањето да се потпише овој нацрт, Курти прифатил Србија да одлучува за внатрешното регулирање на Косово.

„О, Албин, храбар човеку, како со потпис така и без потпис, ти си прифатил, ова се гледа. Сега кого сакаш да го измамиш. Овие лесно можеш да го измамиш, не нас, ниту граѓаните на Косово“, рече Красниќи.

Курти не даде повеќе детали за нацрт-предлогот на Заедницата, бидејќи рече дека тоа е барање на евро-американските емисари. Тој нагласи дека на состанокот во Брисел, со европските лидери побарал Србија да биде санкционирана и казнета за терористичкиот напад на северот на земјата.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button