За да се вработат Македонци се декларираат како Албанци

Ниту една државна институција не ја презема „вината“, за тоа зошто се вработуваат други етникуми во име на Албанците. Последниот случај е евидентиран во Агенцијата за цивилно воздухопловство, кога граѓанинот Сашо Новкоски, Македонец, на 14 септември бил ангажиран со изјаснување како Албанец. Директорот на оваа агенција Томислав Тунтев, рече дека немаат критериуми за етничка припадност, туку квалификации на работното место, што во овој случај било побарано од страна на Инспекторот за цивилно летање во воздушниот сообраќај.
Според законот, конкурсот за државни службеници и јавна администрација го објавува Агенцијата за администрација врз основа на барањата на релевантна институција со соодветни квалификации за работа. Додека, условот за правична и соодветна застапеност го додава Министерството за информатичко општество и администрација, практикувајќи го механизмот на балансерот. Од Агенцијата за администрација велат дека постапиле во согласност со законот.
„Немаме законско право да му го негираме на кој било граѓанин правото за изјаснување на својата етничка припадност. Со сегашните закони, не постои формална правна пречка што може да го запре овој феномен. Механизмот за балансерот е поставен за регулирање на бројот на вработени во државна институција, со цел да има правична и соодветна застапеност, која мора да се почитува во сите јавни конкурси“, велат од Агенцијата за администраија.
Злоупотребата на балансерот се прави со години, во речиси сите државни институции кога станува збор за места резервирани за Албанците и другите. Поради правниот вакуум направи оневозможено е во изводите од матичната книга на родените, и во личните документи да се евидентира етничката графа.
Аднан Ќаили