ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За еден месец од корона вирусот починаа 480 граѓани, од нив 429 биле невакцинирани

Во изминатите четири недели 480 луѓе починаа во земјава од Ковид-19. Највисока смртност на пациенти е забележана во градовите каде што бројот на вакцинирани е мал. Дури 429 од 480 смртни случаи биле невакцинирани пациенти кои дополнително на тоа, имале и други заболувања. Официјалните податоци од Министерството за здравство покажуваат дека Тетово и Гостивар за време на четвртиот бран забележале најголем број смртни случаи. Тетово 106, а Гостивар 73.

„Тетово влезе во четвртиот бран со само 19% вакцинирани граѓани во јули. Во овој град имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани, заразени и жртви. Слична ситуација има и во Гостивар, каде исто така имаше помал број вакцинирани. Во други градови, како што се Гевгелија, Кавадарци, Ресен и Берово, каде што вакцинацијата е задоволителна, односно помеѓу 54-61%, бројот на смртни случаи е помал, или по една жртва во секој град“, велат од Министерство за здравство.

Анализата на здравствените власти покажува и дека најмногу се заразувале невакцинирани лица. Во периодот од 6 август до 2 септември, 22.416 биле позитивни на Ковид. 18% од нив биле целосно вакцинирани, односно 4.191 граѓани. Во изминатите 4 недели, 18.225 граѓани, односно 81% од позитивните случаи, биле невакцинирани. Процентот на хоспитализирани кои не биле вакцинирани е 87%, додека само 13% од сите хоспитализации биле со вакцинирани со две дози. Бројот на граѓани вакцинирани со две дози достигна над 550.000.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button