МАКЕДОНИЈА

За една недела казни за 169 непрописно паркирани возила во општина Центар

За една недела казни за 169 непрописно паркирани возила во општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 169 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од 25 до 31 јули 2022 година со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 79 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 90 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

– ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button