ЗДРАВСТВО

За една недела против грип вакцинирани над 10.000 граѓани

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска, го посети вакциналниот пункт во Поликлиника „Бит-пазар“, со цел лично да се запознае како тече процесот на вакцинација против сезонски грип.
Меџити изрази задоволство од досегашниот одзив на граѓаните, потенцирајќи дека тоа покажува дека тие се одговорни за своето здравје и информирани дека вакцинација против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки компликации, особено кај ризичните групи.
-Само за една недела во вакциналниот пункт во Поликлиника „Бит-пазар“ вакцина против сезонски грип примиле 824 лица, а термин за вакцинација закажале 3.957 граѓани. Податоците на ниво на целата земја го потврдуваат високиот интерес на граѓаните за оваа вакцина, досега се евидентирани 51.649 пријавени и над 10.000 имунизирани граѓани, информираше Меџити.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button