ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пробиени сите рокови за изградба на автопатот Охрид-Кичево

По години молк за доцнењето на изградбата на автопатот Охрид -Кичево, Артна Груби денес од говорницата на конференцијата за патна инфраструктура, рече дека е недозволиво ова што се случува и побара да биде раскинат договорот за автопатот.

„Истекува рокот до крајот на годината и сметам премиере дека е крајно време и Владата и Собранието, да го разгледа тој договор, па ако треба и нека се прекине и нека се даде на друг. Затоа што ова веќе е скандалозно и апсолутно неприфатливо. Нашиот мандат е година, две, три, четири максимум, ако не испорачаме во мандатот, нас не носат дома. Но, треба да ги носат дома и тие што при проектирање грешат и да се започне кривична постапка за погрешно проектирање. Единаесет нови свлечишта на Кичево-Охрид, Тоа е неприфатливо“, рече Груби.

Груби е песимист дека автопатот наскоро може да биде готов.

„Не знам како ќе гласаат пратениците на крајот од декември по однос на продолжување на тој договор, бидејки е скандалозен. Кога ги почнавме преговорите со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10 д, ни рекоа да се кладиме, дека ние ќе го завршиме автопатот, пред вие да го завршите кинескиот автопат. Мислев дека се шегуваат. Испадна дека ќе е вистина и тоа. Ако треба нека се прекине, нека се даде на луѓе кој знае да го направат патот“, додава Груби.

Премиерот Ковачевски рече дека веќе побарал ревизија на проектот и дека најверојатно договорот ќе биде раскинат поради неисполнување на роковите.

„Сметам дека е недозволиво еден автопатот од 40 километри се гради веќе 10 години и се уште да не биде направен. Јас веќе ги информирав колегите во Владата дека ќе барам ревизија на овој проект врз основа на која ќе биде носена одлуката. Сметам дека треба да се размислува во насока на раскинување на овој договор и барање на изведувач кој што ова ќе го направи на квалитетен начин“, рече премиерот Ковачевски.

Властите уверуваа дека автопатот ќе биде готов до крајот на 2023. Изградбата досега чинеше 600 милиони евра.

Властите уверуваа дека автопатот Охрид-Кичево, ќе биде готов до крајот на 2023 година.Ова ќе биде неговоро четврто продолжување на неговата изградба, која досега вреди 600 милиони евра.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button