ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За една недела во Скопје отстранети 183 непрописно паркирани возила

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 183 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 20 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 163 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Како што соопштија од Град Скопје, контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 362 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 20 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

-Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, се вели во денешното соопштение од Град Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button