ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

За големиот скандал за злоупотреба на струјата никој нема да одговора

За големиот скандал за злоупотреба на струјата никој нема да одговора

Ниту една државна институција не сака да ги каже компаниите кои наместо да си купуваат електрична енергија, ја користеа струјата на домаќинствата. Граѓаните најмногу се заинтересирани дали со тој потег, несовесните бизнисмени користеле поевтина струја, и направиле поголем приход,  а поради тоа е можно таа потрошувачка да влијае и врз новата цена по Нова година. Регулаторот за Алсат вели дека навремено ги известиле институциите

„РКЕ уште на почеток на годината беше прва институција која го детектираше манипулативното однесување на дел од компаниите кои од слободен се префрлаа на регулиран пазар и за истото навремено ги извести надлежните институции кои водат соодветни постапки“, велат од Регулаторна комисија за енергетика.

Алсат побара одговори од Управата за јавни приходи, дали и на кој начин овие компании го оштетиле буџетот со заобиколување на законски регулативи. Од УЈП ни соопштија дека Законот за трговски друштва не ограничува основање на нова фирма  во сопственост на друго правно лице. Прекршен е Законот за енергетика велат даночниците и тие треба да ги кажат санкциите.

„Од даночен аспект, доколку правните лица корисници на електрична енергија добиваат фактури за електрична енергија во кои електричната енергија се фактурира по друга – повисока тарифа, истото значи и повисок износ на влезен ДДВ на кој имаат право на дoбивка и зголемување на трошоците што се намалува добивката и даночната основа за данок на добивка“, велат од УЈП.

Ниту обвинителството не се занимава со оваа проблематика. Од таму кратко ни соопштија дека, доколку биде пријавено и се утврди дека има кривично дело тогаш обвинителството ќе постапи.

Засега ниту една од државните институции не најави санкции за компаниите кои што електричната енергија наместо да ја купуваат на слободниот пазар, ја користеле онаа која што е наменета за домаќинствата. Ваква практика дел од несовесните компании имале уште од месец февруари.

Од министерството за економија соопштија дека станува збор за стотици фирми кои го изиграле Законот и наместо скапа струја од берзите користеле струја од универзалниот снабдувач. Според неофицијалните информации станува збор за големи супермаркети, фармацевски фирми, индустриски капацитети и помали фирми./Alsat.mk

Иле Петревски

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button