ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

За храна во Македонија се троши повеќе отколку во соседството

На четиричлено семејство, доколку плати и кирија, за да преживее ќе му требаат 1.185 евра. Ова значи дека и двајцата родители или мора да работат две работни места или нивните деца исто така мора да работат после училиште. Но, ова е само просек според синдикалната потрошувачка кошничка за месец февруари, која поскапе за 5 евра во однос на јануари. Со оглед на фактот дека многу семејства живеат со повеќе од 4 члена, потешкотиите се уште поголеми. Според економските експерти, 37% од семејниот буџет оди само за храна и пијалоци. Во регионот тој просек изнесува 21%.

„Парадоксално е кога ја гледаме здравствената квота од 1,9%, а образованието е 12,2%, за рекреацијата помалку. Ако помислите дека едно семејство, освен спорт и култура, ќе мора да купи книги, да појде во кино и на уметност, но параметрите се мали. Луѓето не можат да бидат креативни и претприемачи, туку само да размислуваат за опстанок“, вели Абил Бауш, економски експерт.

Минималната плата во земјава е 20.175 денари, што значи дека се потребни речиси четири минимални плати за да се помине месецот. Просечната плата во моментов е 38.843 денари, што значи дека во едно семејство треба да се потроши нешто повеќе од две просечни плати само за основни работи. Минималната пензија во С Македонија сега е 13.162 денари, што значи дека двајца пензионери, ако немаат друга помош, пензијата ќе треба да ја трошат само на лекови, а за друго Господ на помош. Најголем дел од пензионерите во Македонија, односно 97 илјади земаат минимална пензија.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button