РЕГИОН
За неколку дена исчезнаа три деца во Хрватска

Според информациите објавени на хрватските портали, три 14-годишници исчезнале во Хрватска во последните неколку дена.
Прво, на 7 јануари, исчезна Иван Шнајдар, кој се оддалечил од домашната адреса во Загреб и носел тренерки и бела маица. Иван има кафена коса, сини очи и е средна градба.
Еден ден подоцна, Лукас Кираj Еремиќ, исто така на 14 години, исчезна во Ријека.
Во понеделникот во Загреб исчезнал и Патрик Гек (14), кој во моментот на исчезнувањето носел црни панталони, портокалова кошула со качулка, црна јакна и патики. Патрик е висок 175 сантиметри, има кафеава коса и кафеави очи и е со средна градба.
Извор: Vecernji