ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

За седум месеци цените пораснале од 2 до 20 денари по производ

Од 2 до 20 денари се покачени цените на основните прехранбени производи во период од седум месеци. Според податоците на Државниот завод за статистика, покачување на цените се забележуваат во речиси сите основни прехранбени производи, освен во цената на лебот. Па, така, ако во јануари просечната цена на еден литар зејтин била 74 денари, сега изнесува 92 денари, што е за речиси 20 денари поскапо. Килограм компир во просек е 29 денари, шеќерот 37 денари, млекото 52 денари, тестенините 98 денари за килограм или сите овие производи поскапеле за два денари од почетокот на годината. За 23 денари е поскапа и чоколадата или сега за еден килограм цената изнесува 603 денари.

Државен завод за статистика

Јануари 2021 Септември 2021
Зејтин 74 денари 92 денари
Компир 24 денари 29 денари
Шеќер 34 денари 37 денари
Млеко 50 денари 52 денари
Тестенини 96 денари 98 денари
Чоколада 580 денари 603 денари

Растот на цените најмногу го чувствуваат граѓаните кои живеат во сиромаштија, но и сите кои земаат просечна плата, велат од Платформата за борба против сиромаштијата.

„Граѓаните ќе може да си дозволат леб, меѓутоа прашање е дали ќе има уште нешто со лебот. Ако едно семејство има една просечна плата којашто е пониска од синдикалната кошничка и ако од неа треба да издвои 40 проценти за храна, тогаш квалитетот на животот секако ќе им биде нарушен…“, изјави Билјана Дуковска, Претседателка на платформа за борба против сиромаштија.

Во меѓувреме, од почеток на годинава просечната плата во земјава се зголемила за 370 денари и сега изнесува околу 28.000 денари. Но, во истото време потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство достига 34.000 денари месечно. Најголем удел за зголемување на просечната плата има зголемување на платите во ИТ секторот и платите во медицината. Во поголемиот дел од секторите речиси и да нема никакво зголемување на месечните примања.

Андреа Чобанова

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button