ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За случајот „Титаник“ треба да сведочат уште 50 сведоци на обвинителството

Единицата АЛФИ при МВР во 2013 година во Охрид била пратена за извршување на работни задачи од моторно-патролна природа и легитимирање на осомничени лица. Сведокот Горан Чекаловиќ, како дел од тимот што бил пратен во Охрид вечерта пред одржување на локалните избори во суд денеска посочи дека тие само извршувале наредби кои им бил дадени од тим лидерите.

– Повеќе лица бевме од тимот, беше и Џезми Ахмет (обвинет во случајот „Титаник“). Патролиравме по еден булевар. Немавме наредба за да застанеме некој посебно. Престојувавме во одморалиштете на МВР во Охрид, истакна сведокот Чакаловиќ.

Освен единицата АЛФА, на локалните избори во Охрид во 2013 година МВР со наредба пратил и припадници на Одделението за специјални задачи. Сведокот кој збореше по однос на оваа околност изјави дека веќе не е дел МВР, односно тогашната наредба им била обезбедување на изборниот процес во Охрид.

Судскиот предмет „Титаник“ е еден од првите случаји отворени од поранешното СЈО.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button