ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За три дена 81 нов ковид случај, нема починати

За три дена 81 нов ковид случај, нема починати

Во последните три дена регистрирани се 81 нов случај на КОВИД-19 од направени 1.972 тестови, а нема починати како последица на вирусот, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.

Advertisements

Како што информрираат од Министерството за здравство, од новозаболените, 53 се во Скопје, по пет од Битола и Прилеп, три Велес, по двајца од Куманово, Тетово и Струга, а по еден од Кавадарци, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Виница, Богданци и Крушево.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани сe 124 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Битола – 7, Прилеп и Кавадарци – по 3, Куманово, Тетово, Струга, Штип, Струмица, Неготино и Дебар – по 2, Велес, Гостивар, Охрид, Кичево, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.072.171 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.960, бројот на оздравени пациенти е 303.287, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 351.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button