МАКЕДОНИЈА

За тројцата наставници во Малина, училиштето е буквално втор дом

Основното училиште „Михал Грамено“, во селото Малино во општина Чучер Сандево, е втор дом на тројца наставници, Аќиф Сејдиу, Зеќир Билали и Авдил Мамути. Во просторијата каде што престојуваат, веќе четири децении се раскажуваат приказни во кои секој од нив е главен протагонист. И покрај многуте потешкотии, учителиве и останаа верни на светата професија наставник, со заклетва дека со чест ќе ја извршуваат до последен ден.

Advertisements

„Не е лесно, особено кога се ближиме до годините пред пензија, малку е потешко, потребно е време да се биде поблиску до семејството. Овде има тројца наставници, еден работи со ученици од 1-5 одделение, а двајца со тие од 5-9. Ние не сме само наставници за тие предмети, туку сме и за други предмети бидејќи ни недостасуваат други наставници. Мислиме дека заслужуваме повеќе, можеби тие мислат дека е доволно, но за нас тоа не е доволно затоа што не сме блиску до работата како другите образовни работници во градот. Имаме бенефиции за тешките услови што се пресметуваат со 20%, но не се плаќа за одвоен живот“, вели учителот Сејдиу.

Авдил Мамути се сеќава дека за оваа професија се соочувал со се, па дури и пешачел од шест до 12 часа, по патишта полни со снег.

Се случуваше во текот на зимата да ги исечеме алиштата со ножици, за да ги отстраниме парчињата мраз од нозете. Колку долго траеше патот некогаш? Од Липково пеш се потребни 6 часа, кога имаше многу снег, 12 часа. Се случуваше и до Ченто да одиме пешки, немаше коли како сега. Во 2012 година дојдоа со хеликоптер и не однесоа затоа што не можевме да излеземе, снегот беше над два метри и повеќе. Ако не ја обезбедиме храната од понеделник до петок, тогаш остануваме без храна или селаните треба да ни донесат храна“, вели учителот Мамути.

Зеќир Билали вели дека училиштето секоја година се празни поради тешките услови за живот.

„Со четвртите одделенија почнавме со новиот концепт, за први одделенија немаме книги, почнавме со стариот концепт. Од септември до декември имаме доволно ученици, од декември до почетокот на април има помалку и повторно се враќаат. Има голема разлика, училниците се полнат, има задоволство при влегување во училница, кога часот се одржува за еден ученик, и за 15. Имаме комбинирана паралелка, работам со три комбинирани паралелки, прва, трета и четврта. Повеќе обрнуваме внимание на главните предмети“, вели учителот Билали.

По повод 7 март, учениците ги создадоа најубавите хартиени подароци за своите наставници придружени со најубави зборови за трудот и нивната пожртвуваност

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button