КОШАРКАСПОРТ

Олимпијакос се зацврсти на првото место, Басконија приреди изненадување

Олимпијакос се зацврсти на првото место во Евролигата, откако со 77:70 ја победија Барселона во дербито на 27. коло од елитното европско натпреварување со добивање на двата меѓусебни мечеви со каталонскиот гигант. По лошата прва четвртина, во која гостите имаа 20:11 предност, Олимпијакос се врати во игра и беше подобриот тим до крајот на мечот за своја 19-та победа оваа сезона.

Шек Меккисик со 16 поени, Јанулис Ларенцакис со 15 поени и Саша Везенков со 14 поени беа креатори на големата победа на Олимпијакос.

Повратникот во Евролигата, Партизан, пак, направи голем чекор кон пласман во плејофот, по импресивната 87:79 победа кај Виртус Болоња, додека Басконија приреди изненадување со 85:81 победа над Реал Мадрид во шпанското дерби./Makfax

 

ЕВРОЛИГА, 27. КОЛО

Алба Берлин – Жалгирис 63:66

Олимпијакос – Барселона 77:70

Валенсија – Олимпија Милано 84:88

Виртус Болоња – Партизан 79:87

Реал Мадрид – Басконија 81:85

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button