За зголемувањето на сообраќајните несреќи, експертите го обвинуваат судството

И покрај тоа што сообраќајната полиција изрекува казни, со помош на судиите, многу од овие казни да не остануваат неизвршени. Ова го оценува експертот за сообраќај Агим Незири. Според него, судството мора да биде побрзо.
“Казните дури и ако се зголемат, ќе истакнам дека главниот фактор останува судството. Не извршувањето на казните, останува во судските фиоки каде што казните многу слабо се наплаќаат“, вели Незири.
Според Незири, сообраќајните несреќи се зголемуваат секоја година за 20%, додека во повеќето случаи младите се оние кои ги предизвикуваат.
„Сообраќајните несреќи во Македонија, секоја година се зголемуваат за 20% и ова е проблематично треба максимално внимание“, рече Незири.
Прашање: Дали младите ги прават овие несреќи?
„Главно се од млади луѓе. Постои закон за сообраќај во кој се наведува дека кандидатот кој поседува возачка дозвола, почетник, првите две години не смее да вози возило повеќе од 77 КВ“, вели Незири.
Прашње: Колку се почитува ова?
„Нималку“, дециден е Незири.
Според статистиките обезбедени од Алсат, само во изминатата година, 24 пешаци загинале во несреќи на пат, а над 200 пешаци претрпеле сериозни повреди. Две до четири деца умираат секоја година како резултат на несреќи. Во однос на прекршувањето на правилата, годишно се изрекуваат 250.000 казни.
Авни Тахири