ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев до Ковачевски: Очекувам посветеност и прогресивно политичко дејствување

Очекувам посветеност, одговорност, отворен пристап и прогресивно политичко дејствување, во интерес на сите граѓани на Северна Македонија и во интерес на социјалдемократското семејство, напиша на Фејсбук премиерот и доскорешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, честитајќи му ја победата на Димитар Ковачевски.

„Членовите на СДСМ го избраа новиот претседател на партијата, на демократски внатрепартиски избори. Му честитам на Димитар Ковачевски и му посакувам успех. Им честитам на сите членови на СДСМ кои гласаа на внатрепартиските избори и со тоа покажаа висока демократска свест и однесување. СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија денес гласаше достоинствено и европски, за стабилна македонска иднина“, напиша Заев на Фејсбук.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button