ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Историски ден, од денеска сме и целосно воено интегрирани во НАТО

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска го прими командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација генерал Филип Лавињ, непосредно пред церемонијата за потпишување на заедничката декларација за интеграција на Република Северна Македонија во структурите на НАТО.

Со потпишување на оваа заедничка декларација, се вели во соопштението од владината прес-служба, официјално се заокружува процесот на воено интегрирање на Република Северна Македонија во командните структури и во структурата на силите на Алијансата. Северна Македонија посветено работеше на процесите кои ја овозможија воената интеграција со што земјата гордо застанува рамо до рамо со нашите сојузници во НАТО.

Заев, Шекеринска и Лавињ, како што информираат од владината прес-служба, на средбата разговарале и за придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО, како придонесот за стабилноста во регионот кој гарантира инвестиции во државата, но и за придонесот на Северна Македонија во мисиите на НАТО.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button