ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев ја оправдува својата реторика против Бугарија

Премиерот Зоран Заев ја оправдува својата реторика против Бугарија. Тој денес уште еднаш го повтори ставот од вчерашниот ден, потенцирајќи дека минатото е дел од идентитетот и правото на самоопределување.

Додека Заев ги дава првите сигнали за национален консензус, неговата партија бара одговорност од лидерот на опозицијата.

Христијан Мицкоски во интервју за 24-Вести бара Влада за национален спас, парламентарни избори заедно со локалните и меморандум во Собранието за идентитетските прашања.

За разлика од првиот пат кога Заев, по барањето од Бранко Црвенковски партијата да се огради од неговите ставови, доби широка партиска поддршка од пратеници, министри, потпретседатели и членови, новите ставови не беа коментирани од членовите на партијата.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button