ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Заев: Ќе имаме повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ!

СДСМ и коалицијата во втор круг влегуваат во вкупно 36 општини и градот Скопје, рече во своето обраќање премиерот и лидер на Социјалдемократите, Зоран Заев.
„Главата горе! На крајот СДСМ и коалицијата ќе имаат градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција. За да ја зачуваме безбедна и сигурна македонската иднина ги повикувам сите наши поддржувачи и тие што денеска останаа дома, да излезат и да дадат поддршка за најдоброто за нашиот народ и нашата држава“, рече Заев.
На почетокот на своето обраќање Заев се заблагодари на сите чинители во државата за успешно спроведени фер, демократски и слободни избори.