ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев ќе учествува на лидерски панел на Стратешкиот форум на Блед

Премиерот Зоран Заев денеска на Блед ќе учествува на лидерскиот панел „Иднината на Европа – Проширувањето“, кој се одржува во рамки на 16. Стратешки форум „Иднината на Европа“.

На панелот, воведно обраќање ќе има словенечкиот претседател Борут Пахор, а најавено е учество на високи претставници на Европската унија и на премиерите на земјите од регионот. Ќе присуствуваат комесарот за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, како и премиерите на Словенија, Јанез Јанша, на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, на Косово, Албин Курти, на Полска, Матеуш Моравјецки, на Албанија, Еди Рама, претседавачот и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, како и претседателите на Молдавија, Маја Санду и на Бугарија, Румен Радев.

На годинашниот Бледски стратешки форум, на останатите панели ќе учествуваат и многу други шефови на држави и влади од регионот и пошироко од Европа, високи претставници на институциите на ЕУ, како и на повеќе меѓународни и тинк-тенк организации.

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button