ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Заев – Лајчак: Скопје го изработи својот дел од обврските, време е Брисел да испорача

Северна Македонија го одработи својот дел од обврските. Време е ЕУ да испорача, без одложување, бидејќи секоја поинаква одлука ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ пред целиот Западен Балкан.
Ова, како што објави на Твитер премиерот Зоран Заев, е заедничката порака за која се согласиле со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, на вечерашната средба во Брисел.
Средбата со Лајчак, е прв од серијата разговори со високи претставници на ЕУ што се очекува да ги има премиерот Заев денеска и утре во Брисел.