Заев на „Отворен Балкан“ во Тирана последен пат како премиер

Премиерот Зоран Заев во среда ќе поднесе оставка до Собрание. Ова од Тирана го најави српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Знам дека Заев утре ќе поднесе оставка“, рече Вучиќ.
По оставката на премиерот, во оставка е и целата Влада. Собранието ја констатира оставката и го известува претседателот за понатамошните чекори. Оставката на премиерот доаѓа во ист ден кога се очекува претседателот да го одржи годишниот говор., а седницата за пратенички прашања најверојатно нема да се одржи поради фактот дека Владата ќе биде во оставка.
Од четврток започнува рокот од 10 дена во кој претесадтелот на државата треба да го додели мандатот на оној кој ќе потврди дека поддршка од 61 пратеник. Се очекува, мандатот да го добие претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Мандаторот има рок од 20 дена да достави програма и состав на новиот владинин кабинет во Собранието. За новата Влада се очекува да се гласа кон средината на јануари.
Адриан Керими