ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев најавува 50 отсто коалициски настап на локалните избори во првиот круг

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека веќе имал средба со Мендух Тачи и со Билал Касами во врска со претстојните локални избори, а до крајот на оваа недела треба да се види и со Али Ахмети. Генерално, сите, како што рече, се реалисти во однос на позиционирањето и потврдуваат меѓусебно помагање.

Според Заев, коалициското поставување е логично и најверојатно 50 отсто таков ќе биде настапот во првиот круг од изборите, додека 25 или 30 проценти ќе биде коалициски настапот во вториот круг.

-Со Тачи се видов пред две-три недели, исто и со Билал Касами, а до крајот на оваа недела треба да се видам со Ахмети. Сите потврдуваме заедничко помагање зашто сме коалиција на централно ниво, а убаво би било тоа да биде преточено и на локално ниво. Логично е коалициски да се поставиме, најголем дел ќе бидат коалициски настапи во првиот круг, 50 отсто, 25 или 30 проценти би биле во вториот круг и некаде по завршуавње на изборите ќе правиме повторно коалиција, објасни Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button