ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Не разговараме за идентитетот и јазикот туку за португалскиот предлог

За македонскиот јазик и идентитет не разговараме и воопшто не е на маса. Разговараме за португалскиот предлог којшто доаѓа од Португалија како претседавач со Европскиот совет што апсолутно води грижа за нашиот македонски јазик и македонски идентитет и истовремено води грижа и за бугарските позиции, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред утрешната посета на Софија.

Според македонскиот премиер, португалскиот предлог е навистина инвентивно и креативно решение за кое што вреди да се потрудиме.

-Притоа работните групи имаат соодветно постигање на патната карта на која што е утврдена секторската соработка на сите нивоа со конкретни пет месеци, три месеци, шест месеци, година дена континуирано или слично и со интензитетот на закажување на историската комисија. Тоа се сериозни успеси коишто досега се постигнати. И јас верувам дека треба да им дадеме шанса на конечно изнаоѓање на решение, рече Заев.

За утрешната посета на Софија тој кажа дека е должен прво на граѓаните да им ги каже своите лични очекувања, бидејќи не сака ниту за себе ниту за народор да ги зголемува очекувањата од тоа што е реално.

-Зошто е реално? Заради тоа што во Бугарија нема ниту Парламент, ниту има политичка влада. Фала богу има желба за разговор и затоа ќе ја искористиме таа желба за разговори од страна на бугарската влада и ние ќе ја направиме утре посетата Бугарија каде што ќе се видиме и со лидершипот на повеќе политички партии, најголемите… Се надевам тие ќе го прифатат тоа, а ќе се видиме со премиерот и со претседателот на државата и сите важни носители на одговорните функции, рече Заев.

Португалскиот предлог го оцени како навистина квалитетен, квалитетен за нас, квалитетен за Бугарија и оти води грижа за двете страни.

-Наша официјална позиција е дека е добра основа за постигнување на решение и бугарската официјална позиција е дека е добра основа за постигнување решение. Ова треба да го искористиме. Ако се постигне решение супер, ако не се постигне сигурно ќе е позитивен исчекор кон изнаоѓање на решение веднаш штом ќе се формира политичката влада, оцени премиерот Заев.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button