Заев очекува објаснување од Џафери за обраќањето на албански јазик во ЕП

Претседателот на парламентот Талат Џафери постапи спротивно на уставот кога се обрати на Европскиот парламент на албански јазик, но нема да барам одговорност, рече премиерот Зоран Заев, наведувајќи дека чека случајот да го објасни самиот Џафери.
Заев верува дека првиот човек на Собранието бил испровоциран од учесниците кои го користеле албанскиот јазик во неговиот говор.
Говорот на албански јазик на претседателот на Собранието, предизвика бројни реакции, а ВМРО ДПМНЕ и „Левица“, поднесоа интерпелација за работата на Џафери, бидејќи тие тврдат дека првиот човек на Собранието обраќајќи се на албански во Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент ги прекршил уставот и законот за употреба на јазиците.
Албанските партии ДУИ и опозициската коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива не ја поддржуваат интерпелацијата против Џафери. Од Алијанса и Алтернатива велат дека имаат многу забелешки за работата на Џафери, но во овој случај не ја поддржуваат интерпелацијата против него.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, негираше дека го прекршил уставот, но дека е подготвен да одговори за какво било можно тврдење.
„Говорев на јазикот што го знам најдобро. Тоа никој не може да ми го забрани. Јас целосно ги почитувам законите. Не дозволив таму да се одржи прослава, бидејќи бевме пред Европскиот парламент, а не на прослава, затоа решив да зборувам на албански јазик, а не на македонски, убеден дека сè е во ред, како природно право“, изјавил Џафери.