ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Четири години од владеењето на Заев, Мицкоски најавува нов обид за ново парламентарно мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ во нов обид да истурка предвремени парламентарни избори. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, единствената опција ја гледа во Собранието да изгласа недоверба на Влада. За тоа, вели Мицкоски, преговараат со пратеници од други партии, а наводно и со пратеник од коалицијата на СДСМ. Мицкоски денеска ова го рече откако го анализираше четиригодишното владеење на Зоран Заев.

„Секој ден со Заев како премиер, нашата Македонија губи. Одговорност за смена на власта е најголема на опозицијата. Јас од таа одговорност заспивам и се будам. И ќе продолжам да се борам… Се работи на тоа ново парламентарно мнозинство. Во моментот кога ќе ги имаме тие 61 пратеници ќе ја информираме јавноста. Но, дали е опфатен дел од пратеничката група на СДСМ во тие преговори – да, опфатен е“, рече Мицкоски.

Неодамна премиерот Заев изјави дека следните парламентарни избори треба да се одржат во редовниот термин, што значи во 2024 година. Тој во март од Собранието побара, а пратениците изгласаа доверба на Владата. Инаку неделава истекуваат законските 90 дена од ова последно изјаснување на пратениците, па евентуално гласање за доверба на Владата повторно би можело да дојде на дневен ред во Парламентот.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button