ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Со амандман ќе се внесе уставното име во Резолуцијата

Премиерот Зоран Заев вели дека со амандман ќе се интервенира во Предлог-резолуцијата за решавање на прашањето со Бугарија за да стои уставното име на земјата – Република Северна Македонија и оти за тоа владејачкото мнозинство само ќе обезбеди гласови. Заев смета дека е најважно резолуцијата да биде донесена и да се испрати порака на единство.

– Само така тоа ќе биде уставно исправен документ, а сите заедно ќе ја гласаме резолуцијата со што ќе испратиме порака на единство дека сакаме решение со Бугарија, но и оти знаеме што е дозволиво, а што не, рече Заев.

Заев ги повика пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива да го поддржат амандманот, затоа што, како што рече, биле и за промена на Уставот и за Преспанскиот договор заради ЕУ и НАТО интеграциите на земјава. Но, додаде Заев, повикувам за амандманот да гласа и некој од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што истакна, тоа е реалност во државата.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button