ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев в понеделник на средба со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен

Премиерот Зоран Заев во понеделник ќе отпатува за Брисел каде треба да остави средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. На средбата се очекува да се разговара и за последните изјави на еврокомесарот за проширување, Оливер Вахеји, кој рече дека е можно одвојување на процесите за С Македонија и Албанија за пристапување кон ЕУ. На Вархеји му противречеа официјални лица од ЕУ, како и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот и словачкиот шеф на дипломатијата, Иван Корчок, кои инсистираат на побрз почеток на преговори и со двете земји.

Сепак, детали околу средбата се очекува да бидат објавени во текот на утрешниот ден.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button