МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Две лица на Пендаровски, едно зборуваше внатре, друго пред новинарите

Со претседателот Пендаровски се согласивме во сѐ, но тој едно зборуваше на средбата, а друго пред медиумите, открива лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешна изјава за медиумите. Како што вели Мицкоски, однесувањето на Пендаровски било дволично.

„Очигледен е притисокот којшто се врши врз него, јас го разбирам, не можам да го оправдам, бидејќи тоа во суштина се нарекува дволичност. Едно лице да имате на средбата едно да имате надвор пред камерите, но во ред, битно е дека дури и вака притиснат Пендаровски излезе надвор со став дека сепак, ако имаме нови докази, треба овој случај, како и многу други, да започнат од почеток“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button